Протест против масовното труeње на кучиња во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

0
222

Активисти и љубители на животните, денес со почеток во 13 часот пред Собрание на Република Македонија протестираат против масовното труење на кучиња во Скопје.

Тие бараат од надлежните институции да обезбедат подобри услови за бездомните кучиња, подобрување на условите и негата во Вардариште како и отворање на стационари за бездомни животни во другите градови, забрана за продажба на отрови, казни за секој еден што предизвикува јавна опасност со фрлање на отрови кои освен што ги убиваат животните, тие се штетни и опасни за луѓето и околината.

„Го организираме овој протест за да го искажеме нашиот револт, поради несовесните граѓани кои решиле на своја рака да трујат невини животни. Треба правдата пред сè да ја бараат во институциите и да го бараат вистинскиот виновник, а не на своја рака да трујат невини животни со отров кој е опасен за околината и за луѓето со негово вдишување.“- вели Марија Качакова, активистка за заштита на животните.

Видео: a1он