Во речиси 90 проценти од флашираната вода на најголемите светски брендови, пронајдени се ситни пластични честички.

Светската здравствена организација (СЗО) ќе започне истрага за да го утврди потенцијалниот ризик од консумирање вода од пластични шишиња. СЗО ќе ги испитува резултатите од најновите истражувања за микропластика во флаширана вода, спроведени од американскиот државен универзитет во Њујорк.

Студијата открила мали пластични честички во 90 проценти од шишиња со вода на најголемите светски брендови. Засега нема докази дека микропластиката може да влијае на човековото здравје, но СЗО сака детално да го разгледа ова прашање и да утврди како тоа влијае на здравјето на луѓето.

„Дали честичките содржат токсини, како точно одредени пластични честички може да влијаат на човековиот организам – за овие прашања нема точни одговори, бидејќи сèуште не се спроведени сериозни истражувања“, рече за BBC Brus Gordon – координатор за заштита на водата при СЗО.

Иницијативата се покрена како одговор на истражувањето што опфатило повеќе од 250 шишиња флаширана вода од 11 различни брендови, купени во девет земји во светот.

Користејќи специјална боја „Nile Red“, што ги врзува деловите од пластика, универзитетскиот професор Sherry Mason со неговиот тим пронашле во просек 10 пластични честички во 1 литар вода. Некои од овие честички биле со големината на влакно од човечката коса.

Помалите честички, за кои постои сомневање дека потекнуваат од пластика, исто така се идентификувани, во просек од 314 во литар вода.