Пронајден фосил од кит со четири нозе !

На брегот на Пацификот во Перу е пронајден фосил на кит со четири нозе, стар дури 43 милиони години. Поради четирите екстремитети и способноста вешто да ја контролира својата тежина и силната опашка, научниците го споредуваат древниот кит со видра или дабар.

Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри,биле адаптирани за живот и на копно.