ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

УХМР на Република Македонија за денес прогнозира променливо облачно време, од пладне, како и попладне, нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во западните и јужните делови од земјата. УВ – индексот ќе изнесува 8.

И во наредните неколку дена се очекува слично време, променливо и облачно, со услови за дожд и  ретки грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, УВ – индексот ќе опадне на 6. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20, а максималните од 23 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје во попладневните часови се очекува нестабилно време, со пороен локален дожд, зачестени грмежи и ќе дува засилен ветер, а максималната температура ќе достигне 33 степени Целзиусови.