Променливо и облачно, со услови за пороен дожд

Времето денес, променливо и облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и југозападните делови од земјава. Температурата ќе се движи во интервал: утринската од 12 до 21, а дневната од 22 до 33 степени Целзиусови. УВ – индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со температура до 32 степени Целзиусови.

За утре, се очекува сончево време, со мала до умерена облачност  и слаб променлив ветер.

УВ – индексот ќе изнесува 8.

За викендот се очекува сончево време, со услови за дожд во недела, во попладневните часови.