Прочистувачи на воздух во детските градинки во Кисела Вода

Општина Кисела Вода со цел да ги подобри условите за престој на најмалите во јавните детски  градинки, што се во нејзина надлежност обезбеди прочистувачи на воздух.

 

За потребите на двете  јавни детски градинки, и тоа: ЈДГ „Весели Цветови“ и ЈДГ „8 Март“, со подршка на Oпштина Кисела Вода извршена е набавка на прочистувачи за воздух, кои при поголеми надворешни загадувања на воздухот значително ќе го подобрат квалитетот на истиот во нив, а воедно, ќе се намали и ризикот од заболувања на дишните патишта кај дечињата.

Во ЈДГ „Весели Цветови“ неодамна беа донирани 15 прочистувачи, а со последната набавка   која ја обезбеди општината (20 прочистувачи), вкупниот број на поставени прочистувачи на воздух, во сите 6 објекти на градинката изнесува 35.

Исто така, и за ЈДГ „8 Март“ Општина Кисела Вода изврши набавка на 31 прочистувач за воздух, за сите занимални во нејзините објекти. Воедно, оваа градинка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби донација од 11 прочистувачи за воздух.

До крајот на месецот од Општината најавуваат дека ќе се дообезбедат прочистувачи за воздух и за останатите објекти на јавните детски градинки, се со цел да се подобрат условите за работа и престој на дечињата во нив.