“ЗАМРСЕНИ СМЕТКИ” – НАСЛЕДСТВО ЗА НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ЈП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА”.

Голем број скопјани веќе долго време се жалат на големите (високи) сметки за вода. Особено се збунети и затечени пензионерите кои живеат сами или по двајца членови,а им стигнувале сметки како да стопанисуваат со базен.Тие реагираат на нереалните сметки, за кои велат дека се “пренабилдани” и се сомневаат во намерата за предвремена заработувачка, односно како граѓанско авансирање на оваа јавно претпријатие. Тие ни потенцираат дека наплатата им се врши некако паушално, затоа што последниве неколку години нивните водомери не биле прочитани од инкасатори. Некои посочуваат дека однапред им се наплатени дури и 200 кубици вода, што не би можело да се потрошат ни за две години.

Бидејки деновиве не можеше да се оствари директен контакт со генералниот директор на ЈП “Водовод и канализација”, Душко Весковски (кој е во заминување), за да се провери причината за нереалната побарувачка на сметки за вода, обид за некаков одговор преостана преку контакт на фејсбук, на што тој одговори: Поради корона ситуацијата водомерите не се редовно читани, како што вели тој поради недозволување од страна на граѓани да им влегуваат инкасатори.Така што според него за овој проблем во опција би можела варијантата-” враќање на пари или одбивање од наредни сметки со 0 денари”, истакнува Весковски. Тоа значи дека товарот околу разрешување на проблемот со “замрсени” сметки за вода ќе се префрли на новоназначениот директор на ЈП ” Водовод и канализација” што ке биде назначен од Град Скопје.

Г. Ј.