Четирите, нови автобуси на метан, вредни еден милион евра, а наменети за јавниот превоз во Прилеп, вчера беа промотивно ставени во употреба. Новите автобуси се од јапонската марка „Исузу“ и се според ЕУРО 6 стандардите.

Градскиот превоз во Прилеп, за прв пат беше воведен во април 2014-та година со шест автобуси кои сообраќаа на три линии.