Неверојатна приказна за човек кој од пустина направил шума сам со свои раце.

Уништувањето на шумите е еден од главните проблеми со кој Индија се соочува секој ден. Последиците се катастрофални: ерозија на почвата, неплодна почва, намалено земјоделско производство и уништена флора и фауна.

Во 1979 година шеснаесетгодишникот забележал изумрени змии кои немале нито едно дрво да се засолнат на високите температури, па одлучил да започне со засадување дрвца. Yadav Payeng пред речиси 40 години го започнал својот проект за садење дрвца и до денес засадил околу 5,7 километри квадратни или 570 хектари шума.

Payeng пораснал на Majuli – мал остров на Брамапутра во Индија гледајќи како и оазата полна со живот се претворила во пустина. Yadav секој ден во изминатите 40 години засадувал дрвја и со тоа пустината ја претворил во тропски рај. За среќа, напорите се исплатиле. „Со враќањето на вегетацијата, животните се вратија“, вели тој.

Сега на Majuli живеат слонови, тигри, носорози и елени. Речниот остров Majuli повторно е тропски рај, а тоа се должи на трудот на Payeng, кој сам и со мала финансиска помош од невладините организации по 40 години труд и работа успеал во намерата.