Геолозите откриле фосили од дрвја стари околу 280 милиони години, а се верува дека тие се доказ дека на Антарктикот некогаш постоеле шуми.

Ерик Гулбрансон и Џон Избел од Универзитетот Висконсин – Милвоки, од ноември до јануари минале низ Трансантарктичките планински венци. При тоа истражување наишле на прастари примероци. Сметаат дека на тоа место некогаш постоела шума.

Овој тим претходно пронашол и фрагменти од фосили на 13 дрвја кои се стари околу 260 милиони години, што значи дека на денешното замрзнато подрчје некогаш имало бујна вегетација.

Гулбрансон истакнал дека и претходно се знаело за фосилите на Антарктикот, но дека повеќето останале неистражени.

Поларната шума се наоѓала на место каде денес не може да растат никакви билки, а научниците ќе се обидат да откријат што довело до тоа целосно да исчезнат.

Тоа дрво можело да преживее во неверојатни услови, бидејќи било речиси една и пол година во мрак, а потоа околу 5 месеци на светло.

Во периодот пред 290 до 245 милиони години, на Антарктикот било значително потопло од денес.

Тимот од научници утврдил дека некогашната вегетација можела во рок од еден месец да се прилагоди на различни временски улсови, од летни до зимски.