Празнично-Работно на Водно

„Го сакам Водно“, објави видео со кое тврди дека механизацијата повторно е активирана и тоа на денот на националниот празник. По интензивните активности на “Го сакам Водно”, беше сопрено и трасирањето на гасоводот на Водно, по што започна и дебата со институциите на системот, т.е. мостителите на овој проект.

„И покрај сите ветувања дека нема да се продолжи со копање на Водно додека траат преговорите и консултациите и се водат постапки преку државните институции, денес на државен празник, подмукло каква што е и целата постапка повторно се отпочна со работа…СРАМНО!“, беше напишано на ФБ-профилот на групата.