Пожарот во Калифорнија со големина на Њу Јорк (ВИДЕО)

0
56

Површината зафатена од голем пожар во Калифорнија сега е поголема од градот Њујорк, наведе BBC.

Пожарите кои со денови пламтат во јужна Калифорнија „проголтаа“ сѐ што им се најде на патот, на површина од повеќе од 230.000 хектари, а потпомогнати од силниот ветер се шират со огромна брзина.

Пожарите добија и име „Thomas fire“ и се петти досега најголеми, забележани во оваа држава.

Досега евакуирани се повеќе од 200.000 лица, додека сосема изгореле околу 1.000 објекти.

Нова евакуација е наредена за жителите од делови на градот Карпинетија и Монтесито во американската сојузна држава Калифорнија. Овие градови се наоѓаат на 160 километри од Лос Анџелес.