На тешко пристапен терен на планината Баба, поточно во Националниот Парк Пелистер, во непристапните предели беснее пожар.

Како што информира Центарот за управување со кризи, пожарот е активен во Националниот парк „Пелистер“, кај место викано „Изворите“ на река Шемница, поточно над село Маловишта. Од првите информации гори трева и нискостеблести растенија, но има опасност пожарот да се прошири во буковата шума. Густиот чад се издига на потегот од Големото Езеро кон Брајчино и Маловиште. Станува збор за терен на 1.800 метри надморска височина.На терен се екипи од Противпожарната единица и од Националниот парк и се гасне, а на помош се приклучија и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.