Научниците од Меѓународниот монетарен фонд и Georgetown University во Вашингтон, откриваат дека повеќе од 90 % од сите автомобили во САД, Канада и Европа и во другите богати земји, до крајот на 2040 година ќе бидат електрични, земајќи го во предвид брзото „исчезнување“ на употребата на коњи и кочии како основно превозно средство во 1900 година.

Од повеќе од една милијарда регистрирани автомобили денес, само два милиони се електрични, од кои пак само еден милион во Кина.

Но, доколку употребата на електричните автомобили порасне, како што тврдат научниците, тогаш тоа би ја намалило употребата на гас за 21 милион барели на ден, а со тоа би се намалила емисијата на CO2 за 3.2 билион тони годишно, што денес претставува 60% од вкупната емисија на гасови во САД.

„Бевме изненадени, колку брзо автомобилите ги заменија кочиите како основно превозно средство на почетокот на 1900 година. Тоа се случи само за 10 до 15 години“, објаснува Fuad Hasanov од Меѓународниот монетарен фонд.

Од друг страна пак, економистот Tony Seba од Stanford University, револуцијата на електричните автомобили ја гледа чекор понапред: „Ќе започне нивната употреба во 2020 и ќе бидат самоуправувани.“

Во друга студија „Rethinking Transportation 2020-2030“, Seba и неговите колеги од RethinkX, најавуваат 95% од превозните средства до 2030 година да бидат електрични.

Тоа се должи, како што пренесува Seba, на можноста секој да си дозволи еден таков автомобил, бидејќи ќе бидат поевтини отколку што чинат денес, енергетски поефикасни и поевтини за полнење. Понатака, според него, повеќето автомобили ќе бидат користени од компаниите за транспорт, каде самоуправувачките електрични автомобили ќе ги заменат возачите, а со тоа пак, ќе се заштедат пари за плати за возачите.

„Користењето на еден автомобил на гас, чини приближно 10.000 долари годишно за поминати 15.000 милји или приближно 24.200 километри, според Auto Club AAA. Наместо да се трошат 10.000 долари годишно за превоз, едно семејство за електричен автомобил, би можело да потроши само 1.000 долари.“, изјавува Seba.