Постапувајте совесно со својот отпад и заштитете ја животната средина!“, порачуваат од ЈКП “Комунална Хигиена” -Скопје

ЈКП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека својот кабаст отпад, во којшто спаѓа стариот мебел и останатата покуќнина без плаќање на паричен надоместок. можат да го оставаат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, секој ден во периодот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба за користење на специјални возила за транспорт, оваа услуга може да ја побараат од ЈКП “Комунална Хигиена” -Скопје на бесплатниот телефонски број 0800 222 33.

Од ЈКП “Комунална Хигиена” –Скопје, укажуваат и потсетуваат дека кабастиот отпад не смее да се одлага ниту на јавни површини, ниту во садовите за отпад. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината.