Минусните температури измерени на планинските предели во Македонија се пропратени и со високи снежни покривки. Така на Попова Шапка измерени се -7 °C, каде е и највисоката снежна покривка од 75 цм. Во Маврови Анови се регистрирани -4 °C  и 43 цм снег, во Крушево -3°C, во Прилеп-1°C и во Берово 0 °C.

Снежната покривка во другите планински предели изнесува, во Пожаране 24 цм, во Крушево и Виница 18 цм и во Берово 10 цм.