Почеток со топла февруарска недела! Од среда дождливо!

Времето денеска ќебиде променливо облачно, од изутрина во западните делови и потоа и на југот од земјата ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има појава на врнежи од снег со послаб интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во текот на денот ќе се менува својот правец на дување од јужен во североисточен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен источен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Од среда ќе преовладува претежно облачно време со врнежи кои ќе започнат од југот на земјата, каде ќе бидат поинтензивни, за потоа да се прошират кон север но со послаб интензитет.