Холандскиот инженер Joris Veten, кој работи во компанијата Urban Roofscapes, го презентираше најновиот модел на покрив – градина во Амстердам.

Овој нов иновативен покрив има голема апсорбирачка моќ на дожд и троши помалку топлинска енергија од постоечките зелени покриви и може да се постави на секој рамен покрив.

Моделот е базиран на капиларниот систем кој за наводнување на растенијата користи изолационен материјал наместо електрични пумпи.Сензорите во плитките слоеви на земјата, ваквите покриви – градини ги контролираат вредностите како што се температура и влажност и по потреба, отвораат отвори за наводнување или отвори за отстранување на вишокот вода.

„Овде можете да се одморите и релаксирате, но и да одржувате состаноци. Постои можност да отворите и ресторан така што овој покрив – градина би бил исплатлив. Но, пред сè, ние на овој начин конечно ја имаме можноста да го искористиме и последниот неискористен m2 урбана средина“, изјавува Veten.

Овој иновативен покрив е дизајниран на тој начин што, растенијата кои растат на него ја разладуваат и самата зграда и воздухот над неа на два начина. Со првиот начин покривот ја одбива топлината, наместо да ја апсорбира како што тоа е случај со традиционалните покриви градини и со вториот начин топлината се смалува и преку испарувањето.

Според мерењата, направени од страна на холандскиот инженер по многу топлите денови, утврдена е температурна разлика од 40ºС помеѓу градината на неговиот покрив и покрив премачкан со црн битумен.

Друг експерт за зелени покриви Robert Snep, кој не е дел од проектот на Veten, откривадека разладувачкиот ефект на таквите покриви е добро познат, но дека овој во Амстердам претставува голем напредок поради тоа што ја складира водата од дождовите, а сепак овозможува наводнување на растенијата засадени на него.

Цената за покрив – градина изнесува од 100 до 150 евра по m2.

Во продолжение ви ги претставуваме најубавите зелени покриви во светот: