Шумската полиција откри голема површина на бесправно исечени стебла од висока букова шума во Шумската стопанска единица „Јабланица“ Струшко во оддел 3, кој според нашите извори од полицијата е недозволен за сеча. Тоа е на границата кај Дебар и Струга.

Според истиот извор, дрвната маса била транспортирана како да потекнува од Шумско стопанска единица Стогово Дебар оддел 42- а во кој стопанисување врши приватна фирма – оператор, а надзор врз работењето и издавање на документација како да вршат вработени во Национални шуми.

Извори од шумската полиција кажуваат дека бесправно се посечени околу 2500 стебла од бука со дијаметар од 25 сантиметри и повеќе и висина од околу 30 метри.

Вкупно посечена бесправно дрвна маса е од околу 1500 метри кубни, а одземени од страна на Шумската полиција се 94 метри кубни. Акцијата на шумската полиција продолжува.

Преземено од apla.mk

Линк: https://apla.mk/index.php/vilaet/item/3599-masakr-na-jablanica-pokoseni-2500-bukovi-stebla-video?fbclid=IwAR3xJCGjj8cNACY9JkY2bQjixl8qwJ3S6gP8QPgdq2HfA9BbSbHWkuKXN8w