Шведската амбасада во Сараево, Босна и Херцеговина, во наредните денови секојдневно ќе биде осветлувана во различни бои и тоа во зависност од нивото на загаденоста на воздухот во Сараево.

Ова го изјави амбасадорот на Шведска во Босна и Херцеговина Андерс Хагелберг во рамките на кампањата „ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ВОЗДУХОТ.“ Имено, амбасадорот ја појаснува и бојата со која ќе биде осветлена амбасадата на кое ниво на загаденост е воздухот тој ден, а сликовитото тоа би изгледало вака: црвена боја – многу опасно ниво на загадување; сива или виолетова – опасно ниво на загадување; портокалова боја – опасно  ниво на загаденост за децата и за лицата со хронични заболувања; жолта боја – нешто подобар квалитет на воздухот и зелена боја – не влијае на квалитетот на воздухот.

„Кога прв пат дојдов во БиХ, минатата зима, нај благо кажано бев шокиран од лошиот квалитет на воздухот и покрај тоа што некои кажуваат дека оваа зима не е толку страшно, но сепак, тука е смртоносно“– вели Амбасадорот Хагелберг. Тој исто така додава дека според податоците на Светската здравствена организација – СЗО, од загадениот воздух во БиХ починале 223 луѓе (на 100 000 жители) и дека е несватливо ова да не е приоритет во земјата.

Кампањата „ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ВОЗДУХОТ“ ја спроведува Шведската агенција за заштита на животната средина во БиХ (СЕПА), заедно со Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ и Хидрометеоролошки завод на Република Српска, а кампањата е поддржана од дел од бизнис заедницата, претставници на држаните институции и дел од странските дипломатско-конзуларни претставници во БиХ.

Како што истакнува Амбасадорот Хагелберг, за реализирање на оваа кампања се одлучиле  со цел да се влијае на подигнување на свеста за овој проблем, како и практично да се подобри состојбата, но најважно во сето е активноста на политичкито раководство.