Пластиката убива по морињата!

За две недели пронајдени два кита со 22 и 40 кг. пластика!

Во стомакот на мртов кит, кој бил пронајден на брегот на Сардинија, пронајдени се 22 килограми пластика, поточно извадени се пластични кеси, една пластична цевка за градежни работи, пластични риболовни мрежи, пластични тањири, пластични кеси за пазарење, како и кутија за детергент.

Светскиот Фонд за природа после овој случај уште еднаш предупреди за прекумерната употреба на пластиката, која претставува сериозна закана за морските животни, затоа што само во последните две години пронајдени се пет кита кои умреле од голтање на пластика.

На 16 март оваа година, на брегот на Филипини, мртов бил пронајден мажјак од видот млад клунест кит и при извршената обдукција од страна на изтражувачите и волонтерите од Природно научниот музеј во китот се пронајдени 40 килограми пластични кеси од кои 16 пластични вреќи за компири, 4 плантажни кеси за банани, пластични кеси за пазарење и др.

Биологот и основач на Природнонаучниот музеј на Филипини, Дарел Блечли потсетува дека во претходните 10 години пронајдени се дури 57 китови и делфини кои умреле како последица на проголтаните големи количества отпад и пластика. Во јуни пак минатата година, на југот на Тајланд пронајден е кит кој умрел како последица на проголтани 80 пластични кеси тешки околу 8 килограми. Според проценката на морските биолози, како последица на на присуството на големи количини на пластика во морето околу Тајланд секоја година во просек умираат 300 морски животни, а најмногу се китовите, делфините и  морски желки.

Според извештајот на Еколошка компанија за заштита на океаните и Мекиниси центарот за бизнис и животна средина, дури 60 проценти од пластичните кеси кои завршуваат во океаните се од тлото на Виетнам, Кина, Индонезија како и од Тајланд и Филипините. Истражувачите предупредуваат дека е неопходно владите да превземат конкретни мерки против сите оние кои водните патишта и океаните и натаму ги користат како контењери.

Извор: www.nationalgeographic.rs ; www.danas.rs