ПЛАСТИКАТА МОЖЕ ДА УБИЕ!

Мртва желка на плажата во Корнвол (Cornwall), исфрлена во неделата по големата летна бура.

Според состојбата и трагите на нејзината школка се верувало дека причина за смртта е најверојатно бродски пропелер.

Но, по деталниот преглед на несреќното животно, во желудникот пронајдено е огромно парче пластична кеса.

Професорот Брендан Голи, поранешен ветеринар кој ја води истрагата за смртта изјавува дека често овие животни голтаат пластика од морињата мислејќи дека се медузи.

Така да, најверојатно причината за смртта е пластиката, а трагите од пропелерот се од покасно.