ПЛАСТИЧЕН КИТ ГИГАНТ  СЕ ИЗДИГА ВО КАНАЛОТ БРИЖ, БЕЛГИЈА

 

Пет тони пластичен отпад е  извлечен од океаните и  трансформиран во  Бриж Кит, огромна скулптура изработена од пластика, која го претставува неверојатното количество ѓубре што плови во нашите океани.

Дизајнирано од Џејсон Климоски и Лесли Чанг од мултидисциплинарната практика  StudioKCA  од Бруклин, оваа масивна еколошка уметност е создадена за Бриеж триеналето во 2018 година, со тема “Течен град”. Бриж  кит, исто така, наречен небото е создаден за да привлече внимание кон непопустливиот проток на пластичен отпад во нашите океани – со годишно додавање на плус осум милиони тони. Соработувајќи со Фондот за дивиот свет на Хаваи и фондацијата Surfrider, StudioKCA собра четири пати повеќе од 5 тони пластичен отпад од океанот. Тимот го исчисти, го сортора ѓубрето и како такво го вгради на металната конструкција изработена за оваа намена.

Бриж кит, гигантската  статуа, всушност, е порака до широката публика за подигање на свеста за останатите 150 милиони тони пластичен отпад што сè уште пливаат по океаните,  и ни покажува зошто треба да се смениме и како треба да постапуваме со пластичниот отпад.

Колку повеќе луѓе знаат и се информирани за еден проблем, толку подобро. Бриж китот е одлична можност да се стави акцент на ова глобално прашање и да не потикне да се потрудиме да го промениме начинот на којшто досега ги правиме работите.