“Pink moon”- Розова месечина!

Денес е активен природниот феномен –Розова месечина. Љубителите на небесните тела ширум светот денеска имаа шанса да видат вистински спектакл – розова Месечина.

Овој феномен денеска беше видлив во Франција, Италија и Шпанија околу 13 часот, во земјите од Источна Европа околу 14 часот, во Кина околу 16 часот, а во САД наутро.

Зошто полната месечина во април е позната како Розова месечина?
Сите целосно осветлени лица на Месечината имаат имиња поврзани со сезонските промени во пределот.
Овие имиња во голема мера произлегуваат од традициите на Индијанците, забележани во источните делови на САД.

Племиња како што се Алгонкијан, кои го следат времето, за различните фази на Месечината даваат различни имиња.
Така на пример во јуни, полната Месечина била наречена “Јагодова месечина”, бидејќи дивото овошје било зрело за берба во овој период. Во декември пак, полната месечина била наречена Волчја Месечина, како повод од собирањето на гладните волци кои завиваат на Месечината во ладните зимски ноќи.

Кралската опсерваторија во Гринич дава објаснување дека со текот на времето, различни култури  давале различни имиња на Полните месечини низ лунарниот календар.
“Многу прекари на Месечината доаѓаат од културата на Индијанците, бидејќи за нивниот начин на живот, циклусите на лунарните фази биле исто толку важни како метод на мерење на времето како подолг соларен циклус на годината, како што е дефинирано со движењето на Сонцето”.