Мерењето на должината не реките, особено кај оние поголемите не е воопшто едноставно. Тоа од причина што, обично значителен број на реки се спојуваат во заеднички речен систем, па тешко може да се одреди кој крак треба да се земе како изворишен и по него да се смета вкупната должина на реката. Денес во светот постојат несогласувања и околу тоа кои реки се најголеми, бидејќи многу реки имаат поголема ширина и длабочина, но помала должина (на пр. реката Амазон е со најголем протек, но не е најдолга река). Сепак, најчесто се зема дека реката е поголема доколку има поголема должина, а не протек. Според последните прецизни мерења, произлегува дека петте најдолги реки на нашата планета се: Нил, Амазон, Чанг Јианг, Мисисипи и Об.

1.Нил во Африка

Нил е најдолгата река во Африка со должина од 6853 km и е втора по големина река во светот. Нил има две поголеми притоки, Белиот Нил и Синиот Нил.  Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил извира од езерото Викторија. Двете реки се спојуваат во близина на суданскиот главен град Картум. По својата речна делта, Нил се влева во Средоземното Море. Египќаните ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување и сл.

2.Амазон во Јужна Америка

Амазон е втората најдолга река во светот со должина од 6400 km, но и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода. Извира од Андите а во најголем дел, дури 3.615 km  тече низ Бразил. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 km и 210 km широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.  Додека Амазон е најголема река во светот во однос на повеќето мерки, моментално географската заедница смета дека е втора по должина, само за малку пократка од Нил. Дел од научниците од Бразил и Перу на ја прифаќаат оваа теорија.

3.Јанг це кјанг (Чанг Јианг или Сина Река) во Азија

Е најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 km. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Ќингхај. Реката тече од запад кон исток и се влива во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.

4.Мисисипи во САД

Е четврата најдолга река во светот со вкупна должина од 6.020 km  и втора најдолга река во САД. Реката Мисисипи извира од езерото Итаска во Минесота и се влива во Мексиканскиот Залив близу Њу Орлеанс. Најдолгата притока на Мисисипи е Мисури. Преку Мисисипи се изградени низа мостови, од кои првиот во 1855 година, додека пак првиот железнички мост преку Мисисипи е изграден во 1856 година. Реката често се смета како природна граница која го определува западниот и источниот дел на САД, и местата често се опишуваат како „западно од Мисисипи“ или „источно од Мисисипи“.

5.Об во Азија

Е река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската низина и петта најдолга река во светот. Реката Об заедно со нејзината најдолга притока Итриш е долга 5.410 km. Извира во подножјето на планината Алтај, северозападно од градот Блиск и се влева во Обскиот залив – Карско море, создавајќи делта долга 80 km, а широка од 30 до 90 km. Реката Об има повеќе притоки. Најдолги леви притоки се Иртиш, Васјуган и Сосва, а најдолги десни Том, Чулим, Кет, Тим и Вак.