Европа е континент кој нуди можности за секој што бара нешто посебно, а ако сте заљубени, во продолжение објавуваме листа на европски градови за кои многумина тврдат дека припаѓаат на најромантичните:

Венеција

Иако е позната по масовниот туризам и бројните атракции, Венеција е град чија романтика е неговото второ име. Гондола, брод или пешачење е најдобриот начин да се доживее романтичната Венеција, град кој се наоѓа на 120 мали острови со околу 400 мостови.

Париз

Првата асоцијација на романтично патување за повеќето луѓе е францускиот главен град Париз. Речиси во секое време од годината, градот на светлината е идеален за романтичен викенд. Пешачење покрај Сена, посета на Ајфелова Кула и кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата претставува вистинско задоволство.

Прага

Чешката престолнина постојано ги мами своите посетители кои уживаат во романтичното зајдисонце на Карлов Мост. Богатата архитектура од најразлични стилови, почнувајќи од романскиот стил на 10-тиот век, потоа готика, ренесанса, барок, рококо, класика, неокласика и арт нуво на 20-тиот век, како и крстарењето по реката Влтава, посебно ги привлекуваат заљубените парови.

Даблин

Даблин е ирски бисер кој е одлична дестинација за младите парови, особено оние кои сакаат пиво. Еден од најромантичните делови на градот е улицата Love Lane, која со мотивот на срце посебно го краси овој град.

Амстердам

Главниот град на Холандија може да се пофали со тесни улички, убава архитектура и посебна атмосфера, што го прават една од најроматичите дестинации во Европа.