ПАЛМАТА КАКО АЛТЕРНАТИВА ЗА КОЖА

Холандски дизајнер создава кожна алтернатива од палмини лисја!

Кожната индустрија веќе неколку децении наназад е мета на постојани критики. Тргнувајќи најпрвин од хемикалиите, коишто се користат во процесот на нејзината преработка, а за кои се знае дека се високо токсични, како за луѓето, така и за животната средина, па се до активистите за заштита на животните што се користат за производство на кожа.

Затоа главните критичари се во неуморна потрага по изнаоѓање на корисни алтернативи.

Холандскиот дизајнер, Тјерд Виенховен, изработува килими од палмини лисја, таканаречена палмина кожа. За разлика од досегашното одгледување на говеда за својот бизнис, сега Виенхофен за суровина користи лисја од 80-те милиони дрвја што моментално растат природно, притоа создавајќи одржлива опција за традиционалната кожа.

Заинтригиран од текстурата на палминиот лист, се оддал на истражување и експериментирање и утврдил дека и покрај неговата лесна кршливост, со додавање на други примеси, како вода, глицерин и други материјали се подобрува еластичниот квалитет.

Мотивацијата на Винховен произлегува од верувањето дека производството на помалку извори на месо, како за храна, така и за материјали, ќе биде од корист за планетата преку намалување на потребните ресурси и зголемување на одржливите системи на растенија. Поради ова верување, изработката на кожата од палма  има за цел да користи помалку вода во споредба со памук или кожа и не користи штетни хемикалии. Всушност, сите состојки се безбедни за луѓето и повторно безбедно се враќаат во природата.

Првичното  производство започнува во Холандија, за да подоцна се пресели во Индија и Доминиканската Република.

Килимите од палма  се произведуваат во различни бои, како би одговарале на различните потреби за декорација.

Иднината на кожата од палма изгледа ветувачка, бидејќи се повеќе станува забележана од страна на другите индустрии. На пример, производителите на автомобили, кои се залагаат да ги заменат кожните седишта со веганска опција се заинтересирани да ја разгледаат најновата алтернатива.