Почетна Зелени технологии „Пакомак“ воведува светки тренд во Македонија! Повратни вендинг машини за пластични шишиња...

„Пакомак“ воведува светки тренд во Македонија! Повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки!

0
150

„Пакомак“ ќе биде првата македонска компанија што ќе го воведе светскиот тренд во рециклирањето. Овој проект „Пакомак“ ќе го реализира со подршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Целта на поставувањето на повратните вендинг машини (ПВМ) е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот ќе бидат соодветно наградени со т.н „зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.)

На почеток, „Пакомак“ ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување машини на целата територија на државата. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива производ), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Она што започна како експеримент во 70-тите години на минатиот век во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.