Градот Скопје од 23-ти до 28-ми септември ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.

  • Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 23.09.2017 (сабота) и на 24.09.2017 (недела), во раните утрински часови.
  • Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 24.09.2017 до 28.09.2017 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.