Со цел намалување на загадувањето со пластичен отпад, Индија заменува дел од патиштата со рециклиран пластичен отпад.

Процесот опфаќа собирање на отпадот, најчесто пластични шишиња, сортирање, чистење, сушење и негова преработка во машини. Така пластичниот отпад се меша и топи на температура од 170ºC, потоа се меша со битумен за на крај да се изгради пат од пластичен отпад, кој е отпорен на високи температури, корозија и оштетување поради временски услови.

Досега во Индија изградени се патишта од пластичен отпад со должина од 34.000 километри.

Инаку во Индија се создава околу 15.000 тони пластичен отпад дневно, од којшто околу 9.000 тони се рециклира, a од 2015 година владата на Индија се обврза на користење пластичен отпад при изградба на патишта.

India is building roads from plastic waste

21,000 miles of them so far. Learn more: http://wef.ch/2onb5gP

Публикувахте от Video – World Economic Forum в 22 февруари 2018 г.