Сигурно кога ќе го слушнете зборот „џунгла“, прво што ви паѓа на памет е хаотичен и неуреден дом, кадешто сè останало онаму каде што паднало. Но, домот на оваа девојка изгледа навистина уредно и средено, и покрај џунглата во вистинска смисла на зборот.

Во последните 6 години успеала да направи колекција од неверојатни 500 различни видови на растенија во својот дом во Њу Јорк, каде секој премин од една во друга просторија, ви дава чувство како да се движите низ шума.

Различни видови на растенија од кои најмногу зелени, се присутни од претсобјето па се до кујната.

За неа животот е незамислив без растенија, па затоа и постојано купува нови, што според неа, претставува опсесија. Во нејзиниот дом присутни се садници на лимон, ананас, банана, сладок компир и различни видови на цвеќиња и широколистни дрвенести растенија.

Таа вообичаено троши 100 долари месечно за растенијата, посветувајќи им 30 минути дневно во комбинација со различни стилови на музика и по некој посветен збор и допир.

Нејзиниот план во иднина е да поседува „вистинска“ градина на земјиште со други љубители на растенијата и да продолжи да се занимава со градинарство, со цел да ги инспирира оние кои дотогаш не ни помислиле на вакво нешто.