Шведска нуди единствен и уникатен начин за намалување на стресот преку опуштање и одморање и тоа во стаклена кабина, сместена во недопрена природа на еден од шведските острови. Оваа кабина се наоѓа на приватен шведски остров и нуди непосреден допир со природата, вклучувајќи и рекреативни активности во природа, како кајакарство, пливање и риболов.

Кабината која е наречена „72 –часовна“,  ве носи поблиску до природата, а првично била искористена како дел од експерименталниот проект, кој е објаснет во видеото подолу.

Пет лица од различни земји со стресни работни места и модерен начин на живот, поминале 72 часа изолирани од надворешно влијание во природни услови со користење на оваа кабина.

Се прашувате каков бил исходот? Резултатите од 72-часовниот изолиран престој во кабината во природа, довел до намалување на нивото на стрес за 70%. Недопрената природа и магијата на природната убавина, максимално влијаела за намалување на стресот кај петте лица кои биле дел од овој експеримент.

Инаку, кабината е достапна и за изнајмување.

Дали би останале 72 часа изолирани во оваа кабина во природа?