Двонеделен одмор на Алпите звучи одлично. Но, како звучи престој од 10 години, каде што ќе може да уживате во топло какао и шармантна вила меѓу снежните планини, а за тоа да добиете пари?

Всушност, како што Travel + Leisure пренесува, малото живописно швајцарско село во кантонот Валеи, во близина на градот Leukerbad во Швајцарија, им нуди на новите жители годишна исплата oд 25.000 франци (или 21,520 евра) за возрасни и дополнително 10.000 франци (8.600 евра) за дете доколку се населат во живописното село најмалку една деценија.

Како и многу други мали градови во Европа и во САД, од селото Албинен увиделе драстичен пад на бројот на населението во текот на последните неколку години, каде жителите, особено цели семејства го напуштиле селото и заминале во поголемите градови.

Како што пренесуваат од швајцарскиот The Local, три семејства неодамна се преселиле од Албинен, вклучувајќи осум деца. Додека се чини дека овие бројки се незначителни за повеќето од нас, локалното училиште е затворено поради ваквата состојба.

Во селото има само 240 жители и жителите бараат од локалната власт да го спасат селото од смрт. Советот на селото на 30 ноември 2017 година ќе гласа за предложената мерка за исплата на парични средства на секој што ќе се досели во него.

Секако, постојат услови што мора да ги исполнувате:

Освен тоа што доселените мораат да живеат во селото барем 10 години, мора и да се помлади од 45 години, да инвестираат во купување или изградба на куќа со најмалку 200.000 франци, и тоа да им биде постојана адреса на живеење. Ако го прекршите договорот, односно ако го напуштите селото пред да наполните една деценија живот во него, ќе морате да ги вратите сите пари што ги инвестирале во вас.

Што ви нуди ова живописно село?

Иако делува скромно, Албинен освен исплата, ви нуди чист воздух и улици, многу сончеви денови годишно на надморска височина од 1.300 метри и убави погодности вклучувајќи и спа. Селото е исто така лоцирано во близина на неколку поголеми градови, кои се оддалечени на само 30 минути возење.