Најголемите и најпознатите градови во светот најчесто и не нудат најдобри услови за живеење заради високиот степен на криминал и сообраќајниот метеж. Според повеќето критериуми, ова се најдобрите 10 места за живеење и работа:

10. Шпанија

Земја со одличен животен стил, прекрасна храна и клима, на која и’ недостaсуваат квалификувани работници, а за истите покрај плата, обезбедува и сместување и храна.

9. Сингапур

Последните податоци покажуваат дека Сингапур останува една од државите во светот во кои е најлесно да се најде работа. Просечниот период во кој невработен наоѓа работа, е осум недели. Во Австралија, на пример, овој период е два пати подолго. Покрај тоа, одличната локациска поставеност лесно го поврзува Сингапур со другите земји и го прави подостапен.

8. Колумбија

Сигурно кога ќе слушнете за оваа земја прво ви паѓа на памет „трговија со кокаин“, но сепак е земја со доста ниски цени, па секој би можел да си дозволи и нешто повеќе.

7. Малта

Малта, но густо населена островска држава, каде англискиот јазик е широко застапен и е постојано во потрага по работна сила.

6. Нов Зеланд

Истражувањата покажуваат дека социјално најнапредна земја во светот е Нов Зеланд. Постојано е во потрага по квалификуван кадар, а нуди и бесплатно здравство, безбедност, поволна клима.

5. Португалија

Во Португалија побарувачката е поголема од понудата, особено во најатрактивните локалитети за инвеститорите, како на пример Лисабон и Алгарве.

Баровите во португалското хит одморалиште Алгарве, не можат да најдат персонал, а невработеоста во земјата ги достигна рекордните 18%. Сепак Португалија го зазема второто место во светот каде владее мир и сигурност.

4. Тајван

Една од доста атрактивни земји во светот и четврта по ред по најмногу работни часови во годината. Во просек еден работник во Тајван одработува по 2.105 часа годишно.

3. Мексико

Земја со одлична клима, храна и прилично ниски цени.

2. Костарика

Едно од најубавите места во светот каде лесно може да го зголемите кругот на пријатели.

1.Бахраин

Добитна комбинација од задоволство и среќа на работното место, топло добредојде и лефтерен начин на живот.