Новиот светски рекордер по височина хотелот „Гевора“ всушност е кула во златна боја од 75 ката, со четири ресторани, базен, луксузен спа центар и сала за гимнастика.

Во Дубаи отворен е хотел, висок 356 метри, со што го сруши рекордот на досега највисокиот хотел на светот.

Хотелот „Гевора“ на големата авенија на Шеикот Зајед е за само еден метар повисок од досега највисокиот светски хотел кој исто така се наоѓа на истата авенија.

Претходниот рекордер, хотелот од синџирот „Мериот“ е висок 355 метри кој пак го собори рекордот на хотелот „Роуз Рајхан“ од синџирот „Ротан“ висок „само“ 333 метри, кој како и претходните два хотела се наоѓа во истиот кварт во Дубаи.

Новиот светски рекордер по височина – хотелот „Гевора“ всушност е кула во златна боја од 75 ката, со четири ресторани, базен, луксузен спа центар и сала за гимнастика.

Во Дубаи се наоѓа и највисоката кула на светот, славната „Бурџ хаифа“ висока 838 метри. Богатата власт сега започна изградба и на нова чија височина се чува во тајност, поради конкуренцијата. Инаку Дубаи е главна туристичка атракција во Заливот, само во 2017 година го посетиле 15,8 милиони туристи.