Пештерска мечка стара 39 000 години е пронајдена во Permafrost (вечен мраз) во Сибир.  Археолозите откриле две совршено сочувани мечки (мајка и младенче), во ѕид од мраз. Руските научници ова откритие го ставија во редот од „светско значење“.

Се до ова откритие, досега единствениот доказ за пронајдени пештерски мечки биле остатоци од коски, но ова откритие е значајно заради исклучително добро сочуваните примероци на мечки со добро сочувано крзно, а се гледа дека мајката е и со добро сочувани заби.

Пештерските мечки се праисториски вид или под-вид кои живееле на евроазискиот континент пред 300 000 и 15 000 години.

Бидејќи мечките за кратко време биле опфатени со мраз и смрзнати, дури и мекото ткиво на мечката која научно е познато како Урсус Спелеус, останале сочувани во изминатите 40.000 години.

Ова значи добра шанса за научниците кои имаат правено планови да го вратат волнениот мамут во живот, дека можеби ќе да најдат ДНК од ова суштество од ледено доба.

Д-р Лена Григориева истакнува: „Денес ова е првото и единствено откритие од ваков вид – труп на цела мечка со меки ткива“.

„Тој е целосно зачуван, со сите внатрешни органи на место“.

„Фотографиите покажуваат дека носот на мечката е недопрен“.

„Претходно беа пронајдени само черепи и коски“.

Говорејќи за „Сибир Тајмс“, таа продолжи: „Ова откритие е од големо значење за целиот свет“.

Но вистинските пофалби за ова откритие се за сточарите со ирваси кои ги пронашле мечките на еден оддалечен остров. Примероците ќе бидат однесени на испитување на Северо-источниот федерален универзитет во Јакутск, каде што се реализираат водечките светски истражувања за мамути и носорози.

Се смета дека примероците се стари помеѓу 22.000 и 39.500 години.

Д-р Максим Чепрасов, постар истражувач и кандидат за биолошки науки во лабораторијата на Музејот „Мамут“ во Јакутск, потенцира: „Неопходно е да се изврши радиојаглеродна анализа за да се утврди прецизната старост на мечката“.

Во последниве години, како што се топи вечниот мраз, се откриваат остатоци од волнени мамути, волнени носорози и други изумрени видови.

Извор: https://www.ladbible.com/news/interesting-39000-year-old-cave-bear-remains-discovered-in-permafrost-in-siberia-20200912?source=facebook&fbclid=IwAR0Afq5akgQiyTUoeGyB-4oJl5MobN8oQlOAbNg_VuSxLvmdupKwdEkAZfA