Кога ќе се спомне зборот „пустина“, секако дека прво на памет ви паѓа Сахара и нејзините песочни дини, жешкото сонце и скриените оази. Но, пред 11.000 години ни најмалку не личела на тоа што е денес. Оваа пустина во северниот дел на Африка некогаш била зелена и полна со живот, езера, реки, пасишта, па дури и шуми. Каде е сето ова денес?

Археологот David Rite верува дека луѓето и нивните домашни животни ја започнале оваа голема еколошка трансформација. Во една студија објавена во “Science Advances”, тој започнал да се занимава со ова прашање кое со години им задава проблеми на археолозите.

Општо познато е дека поради зголемените врнежи, областа е зелена и има повеќе реки и езера. Но, во периодот пред 11.000 години, нешто чудно се случило, односно преминот од влажен на сушен период се одвивал премногу брзо. Ова е исто така една од причините за создавање на пустината каква што е денес.

Додека Rite внимателно ги истражувал археолошките и еколошките податоци, забележал интересна промена. Таму каде што археолошките податоци укажувале на присуство на сточарството, очигледна била промената на типот и распространетост на растенијата. Секојпат кога луѓето и нивните домашни животни ги „потоморувале“ пасиштата, оставале хаос зад себе. Прекумерното испасување ја намалувала атмосферската влажност, што според Rite, ова предизвикало крај на влажните периоди.

„Овие древни номади веројатно користеле оган за отстранување на растенијата, што го забрзува процесот на претворање во пустината“, вели Rite.

„Важно е да се напомене дека Сахара секако би се претворила во пустина“, вели Jessica Tierney, професор на Универзитетот во Аризона.

Според неа, луѓето не се единствената причина за таквата трансформација на пасиштата во Сахара. Наместо тоа, виновникот може да биде стара вегетација и промени во количеството на земјена прашина.

Интересни се археолошките докази кои покажуваат дека луѓето заземале поголем дел од Сахара за време на влажниот период (кој според истражувањата траел 1.000 години), но пред околу 8.000 години постепено се повлекувале, такашто Сахара постепено се претворала во она што е денес.

Иако други истражувања веќе го идентификуваа постоењето на периодот „Зелена Сахара“, Tierney и нејзините колеги успеале да соберат евиденција за постоење на дождовни периоди во овој регион пред 25.000 години.

Сепак, сигурно е дека човечкиот фактор има најголемо влијание врз целиот изглед на Земјата и некои промени се добри за нас, но некои претставуваат сериозна закана за долготраен опстанок на нашата планета.