Во источниот дел на Антарктикот откриена е колонија од милион и пол пингвини, соопштија изненадените научници.

На само 160 километри, на западниот дел од Антарктикот, пингвините од истиот вид се загрозени од изумирање поради топењето на мразот предизвикан од глобалното затоплување.

 

„Се покажа дека островот Дејнџер (Danger-Опаснот) е домаќин на повеќе од 750.000 загрозени пингвини, што е поголем од бројот на оние кои останаа во регионот“, рече научниот тим од Универзитетот Stony Brook за Scientific Reports.

Кога сателитските податоци покажаа присуство на повеќе од еден милион пингвини на островите, научниците сметале дека е грешка.

„Бевме изненадени кога видовме толку пингвини, посебно поради тоа што на некои од овие острови никогаш немало пингвини”, велат научниците.

Островот се наоѓа на врвот на Антарктикот, блиску до Јужна Америка, а колонијата на пингвини е откриена благодарение на сателитите.

Островот не е случајно наречен „опасност“, бидејќи областа е прекриена со мраз, што ја прави тешко достапна за истражување – објаснува Хедер Линч, професор од Универзитетот.