ОСВЕЖУВАЊЕ НА ЦВЕЌЕТО СО ДОМАШНО ЃУБРИВО

За да цвеќето биде убаво, здраво и полно со живот, неопходно е да се потхранува во текот на целиот период на растење. Ова особено важи за саксиските и цветни растенија. Потхранувањето не значи да се побрза во блиската аптека за да се набави некое средство, туку, истото можеме да си го подготвиме и во домашни услови – лесно, едноставно и што е најважно ефтино.

Како да направите домашна прихрана за цвеќињата од само три состојки?

Потребно е:

  • Лушпа од банана,

  • Лушпа од јајце,

  • 2-3 лажици талог од кафе.

Подготовка:

  • Трите состојки се ставаат во блендер со малку вода и кратко се миксаат до добивање на хомогена смеса.

  • Добиената смеса се додава во саксиите со растенијата, а резултатите се видливи по само неколку дена.

Во продолжение, прочитајте уште еден корисен совет за потхранување на растенијата, овојпат со помош на квасец.

Квасецот има особено благотворно влијание на кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка, па според тоа, доколку сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, подгответе раствор од квасец за нивно потхранување.

Потребно е:

  • 10 грама свеж квасец,

  • 1 лажичка шекер

  • 1 литар топла вода.

Подготовка:

  • Квасецот се раствора во топла вода, се додава шеќерот и добро се промешува. Растворот треба да отстои најмалку 2 часа.

  • Со вака подготвениот раствор се залеваат цвеќињата и тоа, еднаш во десет дена во сезоната пролет-лето, а двапати месечно во есенско-зимскиот период.

За кратко време по употребата ќе забележите дека растенијата се освежуваат, листовите добиваат убава зелена боја, а цветовите стануваат бујни и богати.