Општина Центар и Нула Отпад со донација во социјално загрозено семејство, благодарение на хуманоста на жителите на О. Центар

0
354

Општина Центар во текот на 2017 година, успешно ја реализираше акцијата за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата насловена: „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов.“

Акцијата е дел од континуиран проект, кој што две години се спроведува на територијата на Општина Центар, во соработка со урбаните заедници и колективниот постапувач Нула отпад од Скопје.

На овој начин, Општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно,организирано собирање на отпадот од својата територија.

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делуваат како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина. Современиот начин на живот наметнува купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфлање на старите, дотраени уреди.

За таа цел, Општина Центар, организира систем за собирање на отпадот од домовите, преку акција во сите урбани заедници. Граѓаните се пријавуваат кај Координаторите на урбаните заедници или на ЕКО ЛИНИЈАТА на Нула Отпад 070 236 000, наведувајќи каков тип и колку отпад поседуваат, по што колективниот постапувач Нула отпад, согласно списоците за евиденција за секоја урбана заедница, спроведува подигнување на отпадот, директно од домовите на граѓаните. Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма рециклатор, за понатамошна постапка.

Во текот на минатата година 2017та, на територија на Општина Центар се собрани 5671кг, е-отпад од граѓани кои се пријавија за учество во акцијата. Оваа година 2018та до денес е собран е-отпад од 1180кг. Секој граѓанин, имаше право да добие ваучер од Техномаркет, или вредноста на ваучерот да се донира за уред во социјално загрозено семејство.

Голем број од граѓаните се откажаа од ваучерите, а соодветно на тоа, сумите се собрани, со цел денес да се донира уред на социјално загрозено семејство.

„Благодарни сме на одзивот и хуманоста на граѓаните кои денес заедно со Општина Центар, колективниот постапувач Нула Отпад и сите хумани граѓани создадоа можност да се донира шпорет во семејство кое е на листа на семејства кои се социјално загрозени, а жители на Општина Центар.“ – велат од Општина Центар и колективниот постапувач Нула Отпад.

„Воедно позитивен пример дадоа и образовните институции на територија на Општина Центар, од каде најмладите кои растат и се развиваат на правилен начин ја пренесуваат пораката со што старите и неисправи уреди одговорните лица од овие институции правилно ги предаваат и организираат. Тука сакме да истакнеме дека градинката Кочо Рацин – Детска градинка Наум Наумовски Борче доби донација телевизор. Тука ги потикнуваме и останатите да го следат примерот и на правилен начин да се ослободат од овој тип на уреди.“ – додаваат од Општина Центар и колективниот постапувач Нула Отпад.

Кај граѓаните, како и кај сите приватни и државни инстируции постои голем интерес за ваков тип акции, со кои на лесен и едноставен начин се ослободуваат од големи, габаритни, неисправни уреди, а за кои на овој начин општината организира преку колкетивниот постапуавч Нула Отпад, едноставна реализација.

Заради корисноста и големиот инетерс на граѓаните, проектот продолжува и во текот на 2018 година!