Општина Карпош и Нула Отпад ја поставија првата ЕКО ЗОНА во Skopje City Mall

0
394

„ДОНЕСИ НЕГАБАРИТЕН СТАР УРЕД ВО SKOPJE CITY MALL ИЛИ ЗА ГАБАРИТЕН ПРИЈАВИ НА ЕКО ЛИНИЈАТА НА НУЛА ОТПАД – 070 236 000“

Современиот начин на живот наметнува постојано купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфлање на старите, дотраени уреди. Од тука потребата да постојано граѓаните имаат можност да се ослободат од старите уреди кои времето и технологијата направи да имаат краток век на траење, придонесе да се постави првата ЕКО ЗОНА во главниот град и тоа на најпосетената локација во Општина Карпош, Skopje City Mall.

Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

За таа цел, Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје организира систем за собирање на отпадот од домовите, преку акција во сите урбани заедници. Граѓаните може да се пријавувуваат кај Координаторите на урбаните заедници, наведувајќи каков тип и колку отпад поседуваат, по што колективниот постапувач, Нула Отпад ДОО Скопје, согласно списоците за евиденција за секоја урбана заедница, организира подигнување на отпадот, директно од домовите на граѓаните. Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма рециклатор, за понатамошна постапка.

Од денес граѓаните на Општина Карпош како и сите граѓани кои го посетуваат најголемиот трговски центар во срцето на Скопје, Skopje City Mall имаат можност правилно да се ослободат од малите неисправни уреди од домот или едноставно да се јават на ЕКО ЛИНИЈАТА на 070 236 000. Имено во овој трговски центар граѓаните одамна имаат можност и своите стари и потрошени батерии да ги остават во садовите кои се наменети за отпадни батерии, а се поставени речиси на секој агол од трговскиот центар кој придонесува за селекција на отпадот, а со тоа се реализира целта, здрава животна средина.

Општина Карпош во изминатата 2017 година, успешно реализираше акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата на територија на општината, но поради големиот интерес на жителите на Општина Карпош, оваа акција продолжува и во 2018 година.