Општина Гази Баба во Соработка со Нула Отпад,  на 27 април 2018 година, со почеток во 19.00 часот во Културниот центар „Димитар Влахов“ организираат изложба на тема „Естетика на грдото“.

Дали сакате да ја искусите бодлеровата синестезија на шармантното и одвратното, овој пат во фотографски формат ? Дојдете и видете една поинаква изложба и еден поинаков пристап на проблемите со животната средина.  Општина Гази Баба во Соработка со Нула Отпад, Младите Можат и Тимот ViridiQ Ве поканува на изложбата „Естетика на грдото“ во Културниот Центар Димитар Влахов. Изложбата ќе биде на најдобрите 30 фотографии одбрани на фото конкурсот, а најдобрите 3 фотографии пријавени на истоимениот фото-конкурс каде што беа испратени повеќе од 100 фотографии аплицираа во две категории, и тоа.

– „Загадувањето во твојата локална средина“ – „Електронски отпад“.

Истите ќе бидат наградени од Нула Отпад :  Прво место: Курс за графички дизајн (Brainster) Второ место: Шатор за кампување Трето место: Ранец