Општина Берово ќе врши собирање на кабаст отпад

 

Општина Берово ги известува граѓаните дека на ден 28.10.2018 година (недела) ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад.

Акцијата ќе биде изведена во соработка со ЈПКР Услуга, а се работи за поголеми парчиња отпад, како што се делови од дотрајан мебел, душеци, теписи и сл.

Граѓаните што поседуваат ваков отпад и сакаат да се ослободат од него, ќе треба да го изнесат надвор, пред своите домови, за да истиот понатаму биде превземен и транспортиран до соодветна локација.

Од општината известуваат дека кабастиот отпад не е комунален отпад и граѓаните навреме ќе бидат известувани  за спроведување на вакви акции, а доколку во иднина биде забележано фрлање на ваков отпад во контејнерите, сторителите ќе бидат санкционирани од надлежните служби.