One for Hundred – компанија за мебел која расте повеќе дрво отколку што користи!

”One for Hundred (Еден за сто), австриска компанија за изработка на мебел од дрво, основана е  со убедување дека производството на мебел не секогаш мора да значи и уништување на шумите.

Основачите на компанијата, Anna and Karl Philip Prinzhorn, при создавањето на компанијата одлучиле, за секое продадено парче мебел, да засадат 100 нови дрвја.

Со оглед на тоа дека компанијата поседува сопствена шума, прашањето за тоа од каде да се исече и каде да се засади ново дрво, воопшто и не е тешко. Имено, шумата лоцирана надвор од Виена, се наоѓа во сопственост на семејството повеќе од 200 години, пренесувајќи се  точно на седум генерации. Поради личната поврзаност со истата, целта е да се изнајде начин како да се експлоатира за потребите на бизнисот, а сепак да не се наруши и да успее да се одржи и за генерациите што доаѓаат.

Дизајнерите сакајќи да изработат квалитетни парчиња мебел, ставаат акцент на одржување на разновидноста на шумата, кое вклучува мешавина од најразлични дрвја:  јасен, даб, орев, цреша, јавор …

Мебелот произведен во ”One for Hundred”, со елегантна, скандинавска линија  е приспособен  да одговара на потребите и желбите на купувачите во однос на големината, бојата, дизајнот.

 Нека примерот на ”One for Hundred”стане поттик и за останатите производствени компании од ваков тип, оти живееме во време кога потребата од чиста и здрава животна средина  ни е и повеќе од приоритет, а главен предуслов за нејзината одржливост е чувањето и негувањето на шумите.