Во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на Омикрон варијантата на коронавирусот, како и големата бројка на новозаразени во Франција која во петокот изнесуваше 58.128 лица, како и 162 смртни случаи беше причина за откажување на новогодишната прослава во Париз.

Францускиот премиер Жан Катекс во петокот ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави.