Дали е научена лекцијата по големото невреме во Охрид и охридско, кога во март огромни бранови кои достигнуваа височина и до 2 метри, а беа предизвикани од силниот ветер кој достигнуваше и брзина од 90 километри на час, буквално покажа дека нема играње со природата и со природните законитости.


Природата јасно ги има утврдено своите реални рамки и капацитети, и сосема е за очекување дека во одреден временски период кога имаме антропогено нарушување и силување на овие рамки, природата да има соодветен одговор, а се со единствена цел-воспоставување на природниот баланс. Резултат на ова воспоставување на баланс се и сликите на уништените летните бавчи покрај охридското крајбрежје, плажите беа руинирани а се што е покрај езерото беше. Ветерот направи лом, како да паднала атомска бомба, … се е однесено од водата. Во опасност се и прикотвените бродови, изјави еден жител на Охрид.

Дали нешто ќе се преземе до следното невреме и следната лекција од природата!
Ќе видиме.