FAO (Food and Agriculture Organization) на Обединетите нации предвидува дека нашиот внес на месо и месни производи ќе се зголеми за 15% до 2050 година.

Лошата вест, според направените студии, е дека одгледувањето на животни за производство на месо и месни производи претставува причина за половината количество на стакленички гасови.

Со оваа голема улога што ја има врз глобалното затоплување, намалувањето на внесот на месо и месни производи ќе има големо позитивно влијание. Согласно студијата, направена од страна на Oxford University: „Ако секој во светот би ги следел препораките на Светската здравствена организација за консумација на месо и месни производи, тогаш би можеле да придонесеме за намалување на емисијата на стакленички гасови за 29% до 2050 година.“

Тоа значи дека 5.1 милион животи би се спасиле преку намалување на бројот на случаи од различни болести, како што се срцеви заболувања и канцер, такашто 21 илјади милијарди долари би се заштедиле во делот на здравствена заштита и за други слични намени.

Препораките повикуваат на максимален неделен внес на месо од 10,5 унци или 300 гр. црвено месо, што претставува половина од она што еден Американец внесувал во просек во 2012 година.