Согласно одлуката на Владата од минатата недела, која го утврди летното сметање на времето, оваа година истото започнува на 28 март (недела) во 02:00 и часовниците треба да се поместат еден час напред, од 02:00 на 03:00 часот.

Европскиот Парламент во 2019 година, со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместувањето на часот во 2021 година. Но одлуките останаа кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето.