Вечерва се поминува на летно сметање на времето. Оваа саботна вечер кон недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два часот времето ќе се смета за три часот.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното сметање на зимско и летно време.

Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.