Од стари рудници до езера и плажи

Во глобалната битка со климатските промени, зачувување на биодиверзитетот, во битката за создавање на поголеми заштитени подрачја, посебен сегмент е обновата на контаминираните и загадени подрачја во простори кои добиваат еколошка димензија. Така Германија во овие процеси трансформираше дел од индустриско наследство во простори каде ќе може да се ужива. На местата на старите рудници сега има езера, плажи и кампови.

Старите отворени рудници во источниот регион Лузатија кои оставаа слика на деградирани, разурнати и нечисти простори, со децении наназад Германија ги претвора во езера. Низ Саксонија и Бранденбург на површина од 66 км2, денес се наоѓа најголемaтa област со езера во Европа.

Покрај примерот со езерата во Лузатија,  особено се издвојува регионот на Берлин, каде сарите машини кои служеле за ископување на руда денес се дел од музејот Ферополис. На оваа локација во близина на машинеријата се одржуваат музички настани и концерти.

Рударскиот комплекс Цолверајн во близина на Рур, кој порано бил индустриски центар, денес е ставен на листата со светски наследства на УНЕСКО.